Косово очекува позитивно мислење од Меѓународниот суд

Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи изјави дека сите знаци говорат оти Меѓународниот суд на правдата во своето мислење ќе изрази признавање на независна и суверена држава Косово. Тој истакна дека по објавувањето на мислењето на судот, што ќе се случи утре, парламентот во Приштина ќе донесе посебна изјава која ќе го поддржи тоа мислење. Со неа ќе биде побарано парламентот и другите институции да ја преземат одговорноста во согласност со Уставот и документот на Марти Ахтисари и другите документи на Меѓународната заедница.
Утре попладне Меѓународниот суд во Хаг треба да го соопшти својот став за прогласената независност на Косово, кој ќе биде од консултативен карактер и нема да биде правно обврзувачки. По соопштувањето на позицијата од страна на судот, ова прашање треба да биде разгледано во Генералното собрание на ОН.