Авганистански војник застрелал американски цивили

Еден авганистански војник застрелал двајца американски цивили и еден авганистански војник за време на воена вежба која се одвивала во воен капм во северен Авганистан. Од НАТО соопштуваат дека веднаш истражен судија спроведува истрага да се утври дали станува збор за намерен напад или за несреќен случај. Во инцидентот починал и самиот напаѓач, а уште двајца луѓе биле повредени.