Немало местење на натпревари на СП во фудбал

Европската асоцијација за спортска безбедност , задолжена за надгледување на обложувањето соопшти дека немало сомнителни уплати на мечевите од Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.Асоцијацита ги надгледувала натпреварите пред почетокот и за време на турнирот, за да пронајде врски околу обидите за местење.И ФИФА минатата недела соопшти дека не пронашла никакви докази за местење на некој натпревар од Светското Првенство.