Координацијата за Деловникот без напредок

Координацијата за собранискиот Деловник која траа веќе 5 часа засега без напредок, бидејќи и двете страни остануваат на своите ставови. Владеачката партија смета дека опозицијата треба еднаш месецно да предлага точка на дневен ред, а опозицијата бара тоа право да го искористува на секоја нова пленарна седница.