Директорот на Управата за спречување перење пари поднесе оставка

Директорот на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам Ване Цветанов денеска поднесе оставка од функцијата која ја извршуваше од 2006 година. Тоа, како што наведува во оставката, го прави поради „лицемерната политика и незаинтересираност за борба против вистинскиот криминал од страна на Владата“, а не поради Антикорупциска. Државната комисја за Антикорупција бараше разрешување на Цветанов поради констатирани пропусти во работата од страна на Државниот завод за ревизија.