ЕК: Бугарија ги забрза реформите во правосудството - Романија назадува

Бугарија од јули минатата година значително ги забрза реформите и ги подобри казнените процедури, се наведува во извештајот на Европската комисија посветен на внатрешните работи и правдата. ЕК смета дека се потребни подобрувања во професионалната пракса на полицијата, обвинителството и судовите, за што е потребна помош однадвор.
Во извештајот на Европската комисија за Романија пак се вели дека земјата не вложува доволно напори на политички план за поддршка на реформите во областа на внатрешните работи и правосудството.