Милошоски се сретна со Рединг

Mинистерот за надворешни работи Антонио Милошоски се сретна со потпретседателот на Европската комисија и комесар за правда, фундаментални права и државјанство, Вивијан Рединг. Тема на разговорот беа приоритетите на македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа и пристапувањето на Европската унија кон Конвенцијата за човекови права. Милошоски ја информирал Рединг и за реформите што Македонија ги прави во правосудството.