Камерун на средба со Обама

Британскиот премиер Дејвид Камерун денеска ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон. Од Белата Куќа соопштија дека приоритет во разговорот ќе биде Авганистан, но според експертите агендата може да биде нарушена од загриженоста на Соединетите Американски Држави за нафтениот гигант Бритиш Петролеум и неговата улога во излевањето на нафтата и шпекулациите дека ќе лобираат во британската влада да го ослободи бомбашот Локерби за тие да склучат договор со Либија.