Русија испрати протесна нота до САД

Руските власти упатија протесна нота до Соединетите Американски Држави за притворот на еден руски државјанин во Либерија и за неговиот трансфер на американска територија, бидејќи не добиле известување за апсењето. Александар Боженко адвокатот на рускиот пилот Константин Јарошенко изјави дека тој е уапсен од американските специјални сили во хотел во главниот град на Либерија, Монровиа на 28 мај. Јарошенко се соочува со обвинение за трговија со дрога.