Договорен составот на анкетната комисија

Пратениците во македонскиот Парламент се договрија за составот на анкетната комисија која треба да го истражи инцидентот кој се случи на 1 јули. Пратеникот на ДУИ Хајрула Мисини ќе биде претседател на анкетната комисија,а членови на комисијата ќе бидат Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ, како и Менде Димевски од СДСМ и Соња Мираковска од НСДП. На денешната средба кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, било отворено и прашањето за собранискиот Деловник, но за тоа ќе се расправа на утрешната координација.