Над 123 луѓе загинати и исчезнати во поплави во Кина

Најмалку 123 луѓе загинале или се водат како исчезнати во две кинески провинции кои се погодени од силни врнежи и лизгање на земјиштето предизвикано од поплавите, соопштиле кинеските власти. Поради поплавите се евакуирани 700 илјади луѓе. Кина во последите два месеци е погодена од најголемите поплави во последната деценија.