Ахмадинеџад: санкциите нема да не поколебат

,,Соединетите држави мора да ја отфрлат каубојската логика ако сакаат да разговараат со Иран за нуклеарната програма.,, Ова денеска го изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во обраќањето пред стопанственици во северниот дел на земјата. Во врска со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се воведуваат нови санкции спрема Иран тој изјави дека таа нема да го поколеба Техеран да ја продолжи својата нуклеарна програма која, како што повтори, била за цивилни цели.