17 мртви во војната на нарко-бандите во Мексико

Седумнаесет луѓе загинаа, а најмалку 18 се повредени во најкрвавиот напад во војната на картелите, кога луѓе, вооружени со автоматски пушки, почнале да пукаат на роденденска забава во северниот мексикански град Тореон. Претходно, во експлозија на автомобил бомба во градот Сиудад Хуарез загинаа четворица припадници на клан поврзан со шверц со дрога.