Ештон бара олабавување на блокадата за Појасот Газа

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон повика на олабавување на четиригодишната израелска блокада на Појасот Газа. При посетата на енклавите под контрола на Хамас, таа рече дека решението на проблемот е во „отворање на граничните премини“. Подоцна таа отпатува во Израел каде што се сретна со израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман. Ештон не се сретна со претставници на Хамас, организација која кај западните земји е на црната листа на терористички организации.