Бомбашки напад во џамија во Пакистан

Најмалку 12 луѓе се повредени во самоубиствен бомбашки напад во џамија во градот Саргода, во провинцијата Панџаб, во источен Пакистан, соопштуваат властите. Бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот кога бил запрен од обезбедувањето на влезот во џамијата.