Бомбашки напад во џамија во Пакистан

Бомбаш-самоубиец се разнел себе си во џамија во источниот пакистански град Саргода во провинцијата Пенџаб ,при што се ранети најмалку 12 луѓе, соопштуваат властите. Експлозијата се случила во шиитска џамија за време на вечерната молитва . Напаѓачот бил пресретнат на влезот од страна на чуварите, но во тој момент тој ја детонирал бомбата прицврстена за неговото тело.