Проектот Набуко се одвива премногу бавно

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска изјави дека Европската унија премногу бавно оди со гасоводот Набуко, кој е конкурентски проект на рускиот Јужен тек. Назарбаев, говорејќи на заедничка прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел изјавил дека ништо не се случува само се разговара за Набуко. Во проектот учествуваат Германија , Aвстрија, Унгарија, Бугарија, Романија и Турција.