Прославен 92-от роденден на Мандела

Јужноафриканците денеска го слават роденденот на поранешниот претседател Нелсон Мандела. Со садење на билки, со варосување на клиниките и со повици за единство денеска е прославен 92-от роденден на добитникот на Нобеловата награда за мир. Минатата година во Јужна Африка беше прогласен Ден на Мандела кој се прославува на роденденот на големиот борец за човекови права и првиот претседател на Јужна Африка избран на демократски избори.