Азиз се соочува со нови обвиненија

Адвокатот на поранешниот заменик-премиер на Ирак Тариг Азиз изјави дека неговиот клинт ќе оди на ново судење за трошење на јавни пари. Азиз и уште 15 други осуденици вчера се соочиле со уште нови обвиненија . Азиз сам им се предаде на американките сили во април 2003 –та и е еден од ретките преживеани од раководството на поранешниот диктатор Садам Хусеин. Тој во 2009-та беше осуден на 15 години за убиство а подоцна доби уште 7 години за неговата вмешаност во протерувањето
на Курдите од северот на Ирак.