Јосиповиќ во прва официјална посета на Србија

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ денеска и утре ќе престојува во прва официјална посета на Србија, во чии рамки со српските функционери ќе разговара за отворените прашања меѓу двете земји. Јосиповиќ денеска ќе се сретне со српскиот претседател Борис Тадиќ. Односите меѓу Белград и Загреб се влошија, откако Хрватска ја призна независноста на Косово, што кулминираше се одбивањето на Тадиќ да присуствува на инаугурацијата на Јосиповиќ на 18 февруари, поради присуството на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.