Уште 24 часа за испитување на проектот на Бритиш Петролеум

Заврши пробниот период во кој требаше да се види дали најновиот проект на Бритиш Пеетролеум за запирање на истекувањето на нафтата функционира. Официјалниот преставник на Владата Тед Ален соопшти дека периодот ќе биде продолжен за уште 24 часа, за да бидат сигурни дека не истекува нафта во Мексиканскиот залив. На нафтениот гигант првично му беше дадено 48 часа да видат дали нивниот нов вентил ќе го спречи протекувањето на анфтата. Научниците и инженерите се оптимисти дека нема да има понатамошно истекување, но се уште се обидуваат да ги разберат збунувачките податоци кои произлегуваат од дното на морето.