Клинтон на турнеја низ јужна Азија

Државниот секретар на Соединетите држави Хилари Клинтон оваа недела ќе ја посети јужна Азија. Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс ќе се сретнат во Јужна Кореја каде неодамна воскреснаа тензиите со Северна Кореја. Државниот секретар ќе го посети и Виетнам и ќе дискутира со локалните лидери. Предвидено е во вторник да учествува на меѓународна конференција во авганистанскиот главен град Кабул. На конференцијата во Кабул, се очекува таа да ја повтори поддршката на Вашингтон за авганистанската влада, но и да го „притисне“ претседател Хамид Карзаи да ги спроведе ветувањата за реформи.