Тадиќ:компромиси да, но не и признавање на Косово

Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјавил денеска дека Белград е спремен на компромиси во врска со Косово , но никогаш , ни под било кои услови Србија нема да ја признае независноста на Косово. Тој изјавил дека никој не треба да ги става во позиција да мораат
да бираат. Тадиќ повикал на единство во владата на Србија во време кога се очекува одговорот од Меѓународниот суд за правда. Претседателот на Србија уште еднаш повторил дека земјата нема да се откаже од членството во ЕУ.