Загрепчани ја бранат пешачката зона

Граѓаните на Загреб, кои се противат на изградбата на трговски центар на местото на пешачката зона на Варшавската улица, најавија дека вечерва повторно ќе протестираат трет ден по ред и ќе се обидат да ги блокираат камионите за да ја запрат изградбата. Изминатите два дена околу 600 граѓани се обидуваа на различни начини да ја „одбранат“ улицата во центарот на Загреб . Демонстрантите синоќа се собраа и поминаа во околните улици, каде се наоѓаат седиштата на опозициската СДП и на вдадејачката партија ХДЗ. Полицијата во Загреб пред два дена приведе 150 учесници во протестот на улицата Варшавска и против нив се поднесени прекршочни пријави.