Емиратите вложуваат пари во борбата со пирати

Соединетите Арапски Емирати вложуваат дополнителни 15 милиони долари во опремување на партолни чамци кои треба да го спречат пиратството во Индискиот Океан. Парите ќе бидат искористени за да се купат нови чамци, со што ќе се зголеми бројот на патролни пловила на 10. Брего на Емиратите не е дирекно загрозени од пиратите , но на пристаништата таму често се препродава украдена роба. Меѓунардоните сили, составени од американски бродови и од бродови на некои од земјите членки на ЕУ, се ангажирани за чување на брегот на Сомалија ,за да се заштитат трговските бродови кои се честа мета на пиратите.