Подршка за мисијата на ОБСЕ во Киргистан

Министерот за надворешни работи на Германија вели дека постои голема поддршка во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа за планираната полициска мисија на Киргистан. Гвидо Вестервеле изјавил дека земјите членки се убидени дека полициската мисија ќе допринесе за стабилизација на ситуацијата во Киргистан. ОБСЕ соопшти дкеа се договориле со владата во Киргистан , 52-ца полицајци на ОБСЕ да ги обучуваат и да им помагаат на киргистанските безбедносни сили. Но мисијата треба допрва да биде одобрена од земјите-членки на ОБСЕ.