Светската Банка ќе го потикнува растот на Албанија

Светската банка соопшти дека на Албанија и одобрила заеми во вредност од 425 милиони долари, со цел да се поттикне економскиот раст на земјата во периодот од 2011 до 2014 година.
Средствата се наменети за инфраструктурни проекти и за подобрување на медицинските услуги, но и за други програми за помош на лицата со ниски примања.