Премиерот се надева на договор за Анкетната Комисија и Деловникот

Премиерот Никола Груевски изрази надеж дека пратеничките групи во македонското Собрание ќе се договорат околу формирањето на анкетна комисија која треба да го испита инцидентот што на 1 јули се случи во македонското Собрание. Се надевам дека СДСМ ќе најде сили да го прифати она што им го нудеше ВМРО-ДПМНЕ за излез од оваа ситуација, која тие ја наметнаа, изјави Груевски.