Блу реј диск со најголем капацитет

Јапонскиот производител на електронска опрема Шарп денеска соопшти дека овој месец ќе пушти на пазарот блу реј диск со најголем капацитет досега. Неговиот капацитет е 100 гигабати, двапати повеќе од дисковите што сега се на пазарот. На дискот кој ќе чини 60 долари ќе можат да се снимаат 12 часа телевизиска програма со највисок квалитет на снимката. Доколку квалитет на снимката биде помал тогаш на дискот може да снимаат дури 120 часа.