Над половина од планираните ЕУ закони за годинава завршени

Во првите шест месеци од годинава Владата го има утврдено текстот на 54 закони од вкупно 106 колку што треба да бидат усвоени согласно Националната програма за усвојување на правото на Европската унија во 2010. Од нив 45 се донесени од Собранието, а останатите се во собраниска процедура. Ова го изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски пред челновите на собраниската Комисија за европски прашања. Според него, тоа се најдобрите резултати од кога се применува овој инструмент за следење на процесот на усогласување на македонските закони со правото на ЕУ.