6 лица загинаа, во Пакистан во близина на границата со Авганистан

При експлозија во пакистанско племенско подрачје на границата со Авганистан загинаа најмалку 6 лица, а 15 тина беа ранети. Како што се јавува експлозијата одекнала на пазар, а реонот е воедно рута за снабдување на НАТО силите во Авганистан. Засега, според пакистанските власти, некој не ја превзеде одговорноста, но во изминативе недели имаше неколку самоубиствени напади во Пакистан во кои загинаа над 100 лица.