Министерски состанок на ОБСЕ

Во Алмати во Казахстан денеска почнува дводневниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите на ОБСЕ. Портпаролот на министерството за надворешни работи на Казахстан Аскар Абдурахманов изјави дека ситуацијата во Европа и Евроазија ќе биде добра се додека ситуациите во јужен Киргистан и во Авганистан се на агендата. Казахстан исто така се надева дека на состанокот ќе добие поддршка за својот повик да се одржи самит на ОБСЕ во текот на годината.