Клинтон го осуди нападот врз џамија во Иран

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги осуди нападите врз шиитската џамија во Иран, каде што загинаа над 20 луѓе. Одговорноста за нападот ја презеде бунтовничката група која се нарекува Џундалах. Упориштето на овие бунтовници од сунитската група, кои наведуваат дека се борат за правата на малцинскиот народ балуц во Иран, се наоѓа на границата со Пакистан.