Вестервеле и Кушнер во Киргистан

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле и неговиот француски колега Бернар Кушнер денеска ќе престојуваат во Киргистан на разговори со официјални претставници на властите во Бишкек, по што ќе заминат во кратка посета на јужниот дел од Киргистан, каде што во етничкиот конфликт минатиот месец загинаа 300 лица. Вестервеле и Кушнер ќе имаат средба со киргистанскиот претседател Роза Отумбаева пред да отпатуваат во јужниот дел на земјата за да ја проверат дистрибуцијата на хуманитарна помош наменета за луѓето кои ги изгубија своите домови.