Дел од Полјаците против одржување на геј парада

Над 55 илјади Полјаци поднеле петиција до градоначалникот на Варшава со барање да се забрани европската геј парада „Јуропрајд“ која во сабота треба да помине низ улиците на Варшава. До градските власти стигнале уште 6 барања од здруженија на граѓани за да се забрани парадата која за прв пат се одржува во една пост комунистичка земја. Предвидено е на 17 јули да се одржи митинг, марш низ улиците на Варшава, и забава. Организаторите пријавиле повеќе од 15 илјади учесници.