Уапсени 140 загрепчани кои протестирале

Хрватската полиција денеска уапси повеќе од 140 невладини активисти и граѓани, но и опозициски политичари, кои протестираа против изведувањeто градежни работи на пешачката зона на улицата „Варшавска“ во центарот на Загреб. Акцијата за зачувување на пешачката зона на улицата „Варшавска“ е подржана од голем број граѓани, како и познати личности од Загреб. Организаторите на протестите поднесоа и кривични пријави поради незаконска постапка за добивање на дозвола за градба, откако државното Јавно обвинителство соопшти дека постојат незаконитости.