Односите меѓу Македонија и Босна и Херцеговина- одлични

Односите меѓу Македонија и Босна и Херцеговина се одлични и не постојат отворени прашања кои би ја оптовариле соработката. Двете земји имаат заедничка стратешка цел за остварување на полноправно членство во ЕУ и НАТО и затоа меѓусебната помош во иднина е неопходна, заклучиле на денешната средба во Сараево македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот домаќин, премиерот на БиХ Никола Шпириќ. Двајцата премиери разговарале и за интензивирање на економската соработка.