Хереро:политичарите да поработат на политичкиот дијалог

Македонските политичари со интерес и добра волја да работат на изградбата на политичкиот дијалог во земјата, побара денеска шефот
на мисијата на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро. Тој по денешната средба со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, изјави дека по епизодата во Собранието, политичарите треба да поработат на подобрување на дијалогот.