Русија го идентификувала убиецот на Естемирова

Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека Русија го идентификувала убиецот на чеченскиот активист за човекови права Наталија Естемирова и дека сега се спроведува истрага. Денеска се одбелжува првата годишнина од убиството на Естемирова, водечки активист на руската група за човекови права Мемориал. Нејзиното тело беше пронајдено во Ингушетија, часови по нејзиното киднапирање во Чеченија. Истрагата покажала дека само еден човек е осомничен за нејзината смрт, станува збор за чеченски милитант кој подоцна бил убиен од руските безбедносни сили.