Чавез: Папата не е амбасадор на Исус Христос

Претседателот на Венецуела Уго Чавез ги отфрли критиките од католичките свештеници кои деновиве го обвинија дека се обидувал во земјата да воспостави комунизам од кубански стил. Чавез изјави дека католичиките свештеници ја поддржуваат опозицијата во Венецуела и оти мислат дека се над државата. Тој наредил и преиспитување на односите со Ватикан и со Папата за кој изјави дека не е амбасадор на Христос на Земјата.