Пилотот на полскиот авион што се урна бил под голем притисок

Пилотот на полскиот авион кој се урна кај Смоленск во Русија во април, бил под голем притисок да го приземји авионот и покрај невозможните услови, покажуваат делови од разговорот од црната кутија која дури сега успеала да ја дешифрираат полските експерти. Пилотот непосредно пред да слетат, рекол дека ќе го убијат ако не слета. Во несреќта загина полскиот претседател Лех Качински и уште 95 членови на воениот и на политичкиот врв на Полска. Експертите се уште ги дешифрираат пораките од кутијата, за да може да видат во кој контекст пилотот тоа го кажал. Полскиот министер за правда денеска одбил да коментира за новиот наод.