Медведев повикал Русите да не даваат мито

Претседателот на Русија Дмитри Медведев денеска изразил жалење што корупцијата е присутна во сите области во земјата. Тој изјавил дека сите напори за искоренување на корупцијата ќе бидат залудни ако Русите и понатаму даваат мито. Еден од приоритетите на рускиот претседател е борбата со корупцијата. Тој вчера повторно ги повика надлежните органи да ги откријат корумпираните функционери.