Хјуман рајтс воч загрижени за апсењата во Киргистан

Хјуман рајтс воч предупреди денеска дека притворањето на етнички Узбеци од страна на киргистански сили во јужниот дел на земјата може до доведе до нов бран на етнички конфликти. Организацијата соопштува дека несразмерно повеќе се приведуваат на сослушување Узбеци отколку Киргизи во акцијата на властите да испитаат кој стои зад немирите кои се случија минатиот месец. Стотици луѓе беа убиени во судирите меѓу етничките Киргизи и Узбеци во јужниот град Ош минатиот месец, а стотици илјади Узбеци беа принудени да ги напуштат своите домови.