Русите ќе го снабдуваат Иран со рафинирана нафта

Руските компании може да го снабдуваат Иран со рафинирани нафтени продукти и покрај унилатералните санкции на САД и ЕУ. Ова по средбата во Москва со иранскиот колега го изјави рускиот министер за енергија Сергеј Шаматко. Иран има нафтени резерви но мора да узвезува, бидејки нема капацитети за обработка, додека Москва и претходно соопшти дека не се согласува со американските и европските санкции кои се поставени покрај оние на Обединетите Нации кои Русија ги подржа со цел да се натера Иран да запре со процесот на збогатување на ураниумот.