Македонското Собрание треба да се изјасни ребалансот на буџетот

Собранието на Република Македонија денеска треба да го донесе ребалансот на Буџетот за 2010 година кој предвидува ревидирање на приходите за 3,3 проценти и намалување на расходите за 4,7 милијарди денари или за 3,1 процент. Според Деловникот на Собранието, расправата по предложениот ребаланс трае три дена.
Според министерот за финансии Зоран Ставрески причина за предложениот ребаланс е приспособување на јавната потрошувачка поради намалените буџетски приходи.
Според опозицијата со ребалансот најмногу ќе бидат погодени граѓаните и стопанството.