Иранскиот нуклеарен научник отпатува од САД

Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека иранскиот нуклеарен научник кој се појави во Вашингтон откако Техеран обвини дека бил киднапиран од страна на американските агенти, ги напушти Соединетите Држави на пат кон Иран. Шахрам Амири се појави во иранскиот сектор на пакистанската амбасада во Вашингтон една година откако Техеран соопшти дека бил киднапиран од страна на американските агенти. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави Амири е во САД по слободна волја, и оти бил слободен да замине кога сака. Амири работеше за контроверзната иранска нуклеарна програма.