Завршува претресот за израчување на Ејуп Ганиќ

Денеска во Лондон се очекува да заврши главниот претрес на кој се разгледува барањето на Србија за израчување на поранешниот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Ејуп Ганиќ. Србија го бара Ганиќ поради наводни воени злосторства, односно за нападите врз припадници на ЈНА во Сараево 1992 година, кога се убиени 42-ца, а ранети 73 војници.