Да се носат или не вратоврски во Иран

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад наиде на проблеми со конзервативниот свештеник Ахмад Катами околу тоа дали да им се дозволи на мажите да носат вратоврски . Aјатолахот Ахмад Катами изјави дека тој и многу верски достоинственици веруваат дека не треба да се носат врски и дека тоа не е дозволиво во Исламската република На вратоврската се гледа како на симбол на западната култура. Ахмадинеџад изјави дека не гледа ништо лошо во носењето на вратоврски.