Состанок Турција -ЕУ во Истанбул

Во Истанбул денеска се одржува состанок меѓу Турција и Европската Унија, за соработката во борбата против тероризмот. Тоа е првата ваква средба од стапувањето во сила на Лисабонскиот договор. На средбата учествуваат високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон, еврокомесарот за проширување Штефан Филе, министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу и главниот турски преговарач со Унијата Егемен Багаш. Средбите Турција-ЕУ се одржуваат еднаш за време на секое претседателство на ЕУ, откако Турција доби статус на кандидат за членство во 1999 година.