Кубанските десиденти пристигаат во Шпанија

Шестмина политички затвореници кои кубанската влада се согласи да ги ослободи , пристигнаа денеска во Шпанија. Заедно со нив пристигнаа и нивните семејства. Тие се првата група од вкупно 52 дисиденти што Куба треба да ги ослободи според договорот постигнат со посредство на Римокатоличката црква и шпански дипломати. Во текот на денот се очекува да пристигне уште една група од 7 десиденти и нивните семејства. Тоа е најголемо ослободување на политички затвореници во Куба во последниве десет години.